Бесими: Јавниот долг се зголеми на 60,3 отсто по статистичката ревизија на номиналната вредност на БДП
Според новите преесметки дефицитот на Буџетот со ребалансот ќе изнесува 8,5 од БДП.
Министерот за финансии Фатмир Бесими наденешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет рече дека со редовната ревизија на номиналните вредности на домашниот бруто-производ од страна на Државниот завод за статистика го зголеми буџетскиот дефицит во новиот ребаланс на Буџетот од 8,4 отсто на 8,5 отсто од БДП, а на јавниот долг од 59,5 отсто на 60,3 отсто од БДП.
– Со ваквиот нов номинален износ на БДП дефицитот во Буџетот за оваа година наместо 8,4 отсто, ќе изнесува 8,5 отсто иако неговата апсолутна вредност останува иста. Исто е и со надворешниот долг, кој според номиналната вредност на БДП од 30 јуни годинава во однос на БДП беше 59,5 отсто, а сега со надолната корекцијата на номиналниот БДП иако долгот е со иста вредност од 6,527 милијарди евра, претставува 60,3 отсто од БДП – рече Бесими.