Само пет дена откако италијанскиот магнат и поранешен премиер, Силвио Берлускони бил три дена во болница на прегледи и на 30 март бил отпуштен од клиниката „Сан Рафаело“ во Милано, денеска тој е хоспитализиран на одделението за интензивна нега на кардиологија во истата болница поради повеќекратни кардиоваскуларни проблеми и сериозно влошена состојба.
Според последните информации Берлускони имал потешкотии во дишењето, но е во стабилна и контактибилна состојба, а се чекаат деталните резултати од прегледите.
– Мојот брат е во стабилна состојба, тој е како карпа и ќе го помине и ова – рекол неговиот брат Паоло.