БЕРЛИН МОЖЕ ДА ОСТАНЕ БЕЗ БЕНЗИН Рафинеријата во Швед користи само руска нафта

Европската комисија им предложи на земјите-членки на ЕУ да го прекинат увозот на руска нафта и нафтени деривати до крајот на годинава. Некои земји, како Словачка и Унгарија, се противат на ембаргото.

195

На делови од Германија им се заканува недостиг на нафтени деривати во случај на ембарго за увоз на руска нафта, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек, јавија денеска локалните медиуми.

– За жал, морам да кажам дека е можно во случај на ембарго во делови од Германија, особено на истокот и во Берлин, да има потешкотии во снабдувањето со деривати – изјави Хабек.






Тој посочи дека рафинеријата во Швед, во сојузната покраина Бранденбург, која го снабдува Берлин и неговата околина, преработува исклучиво руска нафта, па во случај на прекин на увозот би имало недостиг.

– Работиме на тоа оваа рафинерија да добива нафта од други извори во случај на ембарго – рече Хабек.

Европската комисија им предложи на земјите-членки на ЕУ да го прекинат увозот на руска нафта и нафтени деривати до крајот на годинава. Некои земји, како Словачка и Унгарија, се противат на ембаргото.

Поврзани содржини