Весна Бендевска, поранешна пратеничка на СДСМ од Битола, во три мандати (од 2006 до 2014 година) вечерва ќе учествува на протестот на опозицијата против владата која ја води нејзината партија а која сака да го прифати францускиот предлог со шовинистичките бугарски барања.
Бендевска на Фејсбук објави дека вечерва ќе биде пред владата во знак на протест.
Бендевска лани во јануари на предлог на СДСМ беше избрана во новиот состав на Комисијата за заштита од дискриминација, кој го избра Собранието.