Бектеши: Ќе се кофинансираат обуки, конференции и семинари во домашните хотели
Бектеши додаде дека мерката предвидува покривање на 50 проценти од трошоците, но не повеќе од 30.000 денари по апликант, а кои ќе бидат огранизирани од страна на сите невладини огранизации, здруженија, компании, како и институции кои планираат да огранизираат вакви настани.
Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција информираше дека до Владата е предложена програма со која ќе се субвенционираат настани кои ќе се организираат во категоризирани угостителски објекти како дел од мерките од ковид-19 програмата во рамки на Министерството за економија.
– Имајќи предвид дека хотелиерите се едни од најпогодените од оваа здравствена криза, сметаме дека со оваа програма ќе помогнеме, а и ќе поттикнеме активности поврзани со обуки, семинари, конференции и слично да се огранизираат во наши категоризирани хотелски капацитети – рече министерот Бектеши.
Тој додаде дека мерката предвидува покривање на 50 проценти од трошоците, но не повеќе од 30.000 денари по апликант, а кои ќе бидат огранизирани од страна на сите невладини огранизации, здруженија, компании, како и институции кои планираат да огранизираат вакви настани.
– Оваа мерка е да се помогне на овие субјекти во справувањето со последиците од коронакризата. За оваа мерка од страна на Министерството за економија ќе објави јавен повик за субвенции за конфинансирање на трошоците за огранизирање на настани и за реализација на истата мерка се обезбедни 15 милиони денари или околу 250.000 евра, а според нашите проекции ќе бидат покриени над 500 настани – изјави Бектеши.
Тој потсети и дека е во завршна фаза подготвувањето на платформата „Дома си е дома“ преку која ќе се реализира мерката за ваучери за летување на граѓаните кои имаат под 15.000 денари месечна плата. Платформата ќе биде оперативна до крајот на неделата. Преку неа ќе бидат испратени ваучерите до граѓаните, на меил, заедно со код. На плаформата ќе бидат објавени и понудите на сите категоризирани сместувачки капацитети во државата.
Според најавите, во текот на неделава треба да биде оперативна платформата domasiedoma.gov.mk и pushimenevend.gov.mk преку која ќе се реализира мерката за ваучери за домашен туризам на Министерството за економија. Преку неа Министерството за економија ќе ги испрати ваучерите за домашен туризам на сите граѓани кои ги исполнуваат условите.
– Ваучерите ќе може да се користат од 15 јули до 15 декември. Не ги делиме по етничка основа. Листата во УЈП се формира според тоа дали граѓанинот апликант ги исполнил потребните услови. Ја добиваме листата не по етиничка основа, туку според исполнетите критериуми – потенцира Бектеши, одговорајќи на новинарско прашање.
Со цел поттикнување на домашната потрошувачка и поддршка на домашниот туристичко-угостителски сектор, предвидена е мерка наменета за сите вработени граѓани кои имаат приходи до 15.000 денари месечно или според податоците од Управата за јавни приходи во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле приходи поголеми од 60.000 денари.
Во тек е реализација на третиот пакет економски мерки што го донесе Владата за ублажување на последиците од ковид-19, во вредност од 355 милиони евра, наменет за 730.000 корисници. Невработените, активни баратели на работа и примателите на гарантирана минимална помош ќе добијат помош од 9.000 денари, вработените лица кои имаат месечни примања помали од 15 илјади денари ќе добијат по 3.000 денари, исто и младите лица од 16 – 29 години.