БЕГАЛ ОД ПОЛИЦИЈАТА, А ПРИТОА „ОПЕРИРАЛ“ Ограбил шест цркви додека бил во бегство од затвор

Затвореникот побегнал од кумановскиот затвор каде што издржувал казна затвор за други тешки кражби во повеќе места во државата

167

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола расчистија шест тешки кражби во верски објекти и една тешка кражба во обид во битолско.

„По преземени мерки било утврдено дека В.И.(50) од с.Полаки, кочанско, во периодот од 04.11.2022 до 08.12.2022 со употреба на сила и подесен предмет влегувал во цркви во селата Логоварди, Долно Српци, Црнобуки, Далбеговци, Радобор и Новаци и одзел пари“, информираат од МВР.






Тој ги извршил делата додека бил во бегство од Казнено-поправната установа Затвор Куманово, каде издржува казна затвор за други сторени кривични дела „тешка кражба“ во повеќе места во државата. Со него бил извршен службен разговор во Затвор Куманово, при што ги признал делата.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

Поврзани содржини