Бебиситерката Тереза спасила три деца пред да биде убиена ВИДЕО

1,060

Бебиситерка од Италија, која беше убиена во Швајцарија од млад човек со психичко нарушување,идентификуван како Стив. В (22), претходно спаси три деца од него, кои ги чувала.

Како што пренесува италијанската агенција „Анса“, 46-годишната Тереза ​​Скавели, мајка на три возрасни деца, работела во Сент Гален, а убиството се случило пред неколку дена.






Тереза сакала да ги спаси девојчињата, кои се враќале од училиште, кога од прозорецот го забележала напаѓачот дека ги следи. Таа истрчала надвор за да ги внесе девојчињата во куќата, но успеал и напаѓачот да влета во куќата.

Додека пристигнала полицијата, напаѓачот  успеал да ѝ  зададе на Тереза ​​неколку силни удари по главата, кои биле фатални.

По убиството, сторителот на злосторството, кој наводно е швајцарски државјанин, бил ликвидиран од полицијата со огнено оружје.

 

ФОТО: Фејсбук

Поврзани содржини