🎥📷 БЕБЕ И ДВЕ ДЕЦА МЕЃУ ЗАГИНАТИТЕ Стравични сцени од тешката автобуска несреќа кај Венеција

Од досега утврдените податоци, во несреќата загина најмалку 21 лице, а околу дваесетина се повредени, откако автобусот со туристи излетал од надвозник во близина на Венеција, соопштија локалните власти.

471

Едно новороденче, 12-годишно момче и уште едно малолетно девојче е потврдено дека се меѓу загинатите во стравичната автобуска несреќа што се случи синоќа во близина на Венеција. А, според некои информации што ги соопштија локалните власти, во несреќата настрадало уште едно дете.

Од досега утврдените податоци, во несреќата загина најмалку 21 лице, а околу дваесетина се повредени, откако автобусот со туристи излетал од надвозник во близина на Венеција, соопштија локалните власти.







Автобусот излетал од патот и паднал во близина на железничка пруга во областа Местре, која е поврзана со Венеција со мост. Причината за несреќата сѐ уште не е утврдена.

Автобусот го управувал 40-годишниот Алберто Рикото од Тревизо, кој загинал во несреќата. Час и половина пред несреќата, тој објавил фотографија на Фејсбук, на која се гледа дека се наоѓа во кампот Ху во Маргера, со натпис „Шатл до Венеција“.

Официјални лица рекоа дека возилото паднало на далноводи и се запалило околу 19:45 часот. Познат е идентитетот на 7 починати лица.

Меѓу 15-те повредени лица во текот на ноќта нема нови смртни случаи. Четворица од нив што се на интензивна нега, сѐ уште не се идентификувани.

Четворицата најтешко повредени се на возраст од 20 до 30 години. Како што дознава Sky TG24, тројца се хоспитализирани на интензивна нега во болницата Анџело во Местре и еден во Дол.

-Огромна, бескрајна трагедија. Јас сум без зборови. Апокалиптична сцена. Автобусот испаднал од надвозникот и се запалил. Излетал од патот. Паднал од мостот. Не можете да замислите каква катастрофа е тоа – изјави градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро.

Според првичните инфомации повеќето од патниците во автобусот биле странски туристи.

-Потврдена е смртта на 21 лице, а 13 се повредени, од кои некои потешко. Четворица се деца. Трагедија, повторувам. Странски туристи. Се обидуваме да ги идентификуваме жртвите. Видов некои документи на тие сироти луѓе. Никогаш не сум видел толку страшна трагедија.Сите сме тука. Има и свештеник кој се моли за  жртвите  – рече Буњаро.

Поврзани содржини