БАРЕЛОТ ПАК НАД 100 ДОЛАРИ Неизвесноста притиска и покрај одложениот напад на САД

Според Ројтерс, аналитичарите предупредуваат дека дури и со привидно намалување на тензиите, пазарот ќе остане под притисок, при што се очекува цената краткорочно да се движи меѓу 85 и 90 долари, но природно да се враќа кон 110 долари сè додека Ормускиот теснец не се стабилизира.

228

Барел нафта Брент утрово се тргува за над 100 долари. Раст на цената на нафтата уследи откако вчера имаше намалување за 10 отсто. Намалувањето уследи по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги одложи нападите врз Иран и најави разговори со Техеран.

На азиските берзи утрово цената на нафтата Брент од Северно Море се зголеми за 2,9 проценти и се барел се тргуваше за 102,84 долари.






Раст од 3,5 отсто е забележан и на цената на американската референтна нафтата „Вест Тексас Интермедијар“, која се тргуваше за 91,20 долари.

Според Ројтерс, аналитичарите предупредуваат дека дури и со привидно намалување на тензиите, пазарот ќе остане под притисок, при што се очекува цената краткорочно да се движи меѓу 85 и 90 долари, но природно да се враќа кон 110 долари сè додека Ормускиот теснец не се стабилизира.

Одр друга страна, доколку блокадата на Теснецот продолжи до крајот на април, цената на Брент може да скокне и до 150 долари за барел.

Војната речиси го парализираше протокот низ Ормуз, артерија низ која минува околу една петтина од светската нафта и течен природен гас. И покрај тоа, два танкери наменети за Индија сепак минале низ теснецот во понеделник, сигнал дека ризикот е висок, но не и целосна блокада.

Техеран остро ги отфрли тврдењата дека преговара со Вашингтон, оценувајќи ги како обид за манипулација со финансиските пазари, додека Иранската револуционерна гарда соопшти дека нападнала американски цели и ги нарече изјавите на Трамп „истрошени психолошки операции“, што дополнително ја продлабочува неизвесноста и ја храни нервозата на енергетските пазари.

Поврзани содржини