БАРБИ ДИЕТАТА ГО ЗАЛУДЕ СВЕТОТ Славната актерка го промени начинот на исхрана и еве како изгледа (ФОТО)

Марго Роби ја игра најпознатата кукла на светот, а за да ги исполни барањата на една предизвикувачка улога, холивудската актерка следи строга диета за да ја одржи формата.

1,596

Холивудската актерка Марго Роби е главната ѕвезда на филмот „Барби“ кој наскоро ќе можеме да го гледаме, а актерката ги откри своите тајни на исхраната додека се подготвува за филмот за легендарната кукла.

Марго Роби ја игра најпознатата кукла на светот, а за да ги исполни барањата на една предизвикувачка улога, холивудската актерка следи строга диета за да ја одржи формата.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Margot Robbie (@margotrobbieofficial)

За „диетата Барби“ зборувала во неодамнешното интервју за „British Women Health“. И ова е навистина интересно, иако сосема предвидливо. Основниот принцип на таквата диета: мошне малку јаглехидрати и без слатки.

„Мојот појадок обично се состои од овесна каша и шејк за зајакнување на имунитетот. За ручек јадам пилешка салата, а за вечера шницла од туна и сладок компир – батат. Во текот на денот пијам чај, со кој сум опседната откако живеам во Велика Британија“, раскажала Марго.

Ѕвездата признала дека откако се преселила со сопругот во САД, нејзината диета страдала – хамбургерите и пивото ѝ станале навика.

„Храната ми е многу важна. Сакам плескавици и помфрит кои ги нарачувам со половина литар пиво. Во САД, моето омилено јадење е двоен хамбургер: доаѓа со сирење од тартуфи и глазура од тартуфи“, звучи неверојатно примамливо и мрсно, пишува „Grazia“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Margot Robbie (@margotrobbieofficial)


Покрај здравата исхрана за улогата Барби, Марго почнала со тренинзи со висок интензитет, со страст кон пилатесот.

„Секогаш се чувствувам многу подобро по добро истегнување. Но, кога не се подготвувам за улогата, претпочитам тренинзи во кои навистина уживам – часови по танц или играње тенис со пријателите“, изјави убавата русокоса.

File:SYDNEY, AUSTRALIA - JANUARY 23 Margot Robbie arrives at the Australian Premiere of 'I, Tonya' on January 23, 2018 in Sydney, Australia (28074883999).jpg - Wikimedia Commons

Поврзани содржини