Бактеши: Набрзо ќе биде донесен Правилникот за акцизата

Бектеши денеска на прес-конференцијата информира дека Миниството за  економија ќе реализира пакет тежок  50 милиони евра од третиот пакет економски мерки кој ќе биде насочен кон туризмот и микро и малите компании.

600

Правилникот за акцизата на нафта е во подготовка и ќе биде донесен набрзо, информира министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.

– Анализата е веќе подготвена и се работи на правилникот. Со овој правилник ќе се реши прашањето за акциза на екстра лесното гориво, кое во изминатиот период се користеше за злоупотреба од страна на некои превозници – рече Бектеши.






Бектеши рече дека се очекува и Царинската управа да даде свои согледувања околку акцизата и подготвеноста  за реализирање на новиот Правилник.

Претходно и министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека анализата  која треба да покаже како ќе се одрази зголемувањето на акцизата е веќе подготвена.

Бектеши денеска на прес-конференцијата информира дека Миниството за  економија ќе реализира пакет тежок  50 милиони евра од третиот пакет економски мерки кој ќе биде насочен кон туризмот и микро и малите компании.

Според него, туризмот кој претрпе најголеми загуби во тертиот пакет ќе добие 16 милиони евра со  поддршката на граѓаните за користење на туристичките капацитети во земјата.

– Предвидени се ваучери од 100 евра и платежна картичка со  50 евра за поддршка на граѓаните за купување домашни производи. Во туризмот предвидовме и уште една мерка – кофинансирање  од 50 отсто односно до 30.000 денари на настани и конференција кои ќе се реализираат во хотелските капацитети во земјата. – Бектеши.

Тој рече дека се предвидени 1 милион евра за кофинансирање на преокети на микро, мали и стартап претпријатија од програмата на Европската унија.

 

Поврзани содржини