БАЕРН ЌЕ ИСПРАТИ ПОНУДА ЗА ДЕ ЛИХТ Јувентус очекува најмалку 80 милиони евра
Се истакнува дека дефанзивецот ќе може да добива 17-19 милиони евра годишно пред оданачување во случај да се пресели во клубот од Минхен.
Баерн ќе испрати понуда за дефанзивецот на Јувентус, Матијс де Лихт утре вечер или или на почетокот на следната недела.
Според новинарот Флоријан Плетенберг, Јувентус сака да добие најмалку 80 милиони евра за 22-годишниот Холанѓанец.
Се истакнува дека дефанзивецот ќе може да добива 17-19 милиони евра годишно пред оданачување во случај да се пресели во клубот од Минхен.
Де Лихт постигна три гола и беше креатор на една асистенција на 42 натпревари за „бјанко-нерите“ минатата сезона.
Договорот на 22-годишниот одбранбен фудбалер со клубот од Торино е до 30 јуни 2024 година.