АЗЕСКИ ВО ПОСЕТА НА РУДНИЦИТЕ „БУЧИМ“ И „БОРОВ ДОЛ“ Високата цена на струјата го запре производството во овие рудници

Во наредниот период  претставници на Стопанската комора ќе ги посетуваат компаниите коишто се наоѓаат во исклучително тешка состојба предизвикана од енергетската криза.

91

Делегација на Стопанската комора, предводена од претседателот Бранко Азески денеска ќе ги посети рудниците „Бучим“ и „Боров дол“, кои поради енормниот пораст на цената на електричната енергија од 1 септември привремено прекинаа со процесот на производство.

Во двата рудника има вкупно 674 директно вработени и се едни од најголемите работодавци во регионот кои придонесуваат за одржливиот економски и социјален развој на општините Конче, Штип и Радовиш.






Во наредниот период  претставници на Стопанската комора ќе ги посетуваат компаниите коишто се наоѓаат во исклучително тешка состојба предизвикана од енергетската криза.

 

Поврзани содржини