АВТОМОБИЛ УДРИ МЛАД СКОПЈАНЕЦ НА „СТРАЖА“ Момчето е тешко повредено
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гостивар.
22-годишно момче се здобило со тешки телесни повреди на планинскиот превој „Стража“ откако го удрил автомобил.
„На 4 јули 2024 година во 12.00 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на планинскиот превој „Стража“, патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, што го управувала 38-годишната С.Г. од Охрид, удрило во 22-годишниот пешак Б.П. од Скопје“, соопштува МВР.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гостивар, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Увид на местото на несреќата извршиле полициски екипи.