Австријците планираат да вакцинираат на гробишта под мотото „Имунизација наместо да лежите на ова место“?
Идејата е да се вакцинираат во музеите, со бесплатен влез за граѓаните кои сакаат да бидат имунизирани, како и да се отвори „драјв тру“ за возачите на скутери и велосипедистите.
Министерството за социјални работи разгледува различни стратегии со кои би ги натерале Австријците да се вакцинираат против вирусот ковид-19 што е можно помасовно поради ширењето на делта сојот.
Еден од предлозите е вакцинирање на гробиштата под мотото „имунизирај се наместо да лежиш на ова место“.
Идејата е да се вакцинираат во музеите, со бесплатен влез за граѓаните кои сакаат да бидат имунизирани, како и да се отвори „драјв тру“ за возачите на скутери и велосипедистите.
Исто така, се разгледува и акција за вакцинација во општински згради, летни кина, на базен, на планините.
Веќе подолго време има идеи дека вакцинацијата се спроведува на места каде што има млади луѓе и така се спроведува кампањата преку социјалните мрежи.
Во моментов се спроведува кампања за вакцинација на млади жени од странско потекло, со насочени реклами на јазиците на етничките заедници што живеат во Австрија, како и изјави на мајчин јазик на познати личности.