АВИОН ШТО ЛИЧИ НА ЗАДНИК „Ерландер 10“ ќе биде најголемиот цепелин во светот (ФОТО)
Но, „задникот“ сепак ќе оди на мисија на Северниот Пол! Компанијата наречена OceanSky Cruises започнува ново луксузно воздушно крстарење од и кон Северниот пол со цел да се рекреира историската експедиција што норвешките истражувачи ја извршија во 1926 година, објави Си-Ен-Ен претходно месецов.
Ви текнува на цепелините кои беа модерни во 60-тите и 70-тите? Оние големи воздушести тела кои лебдеа во небото, а беа придвижувани од гас? Епа, замислете си двоен цепелин, кој е во форма на задник. Така изгледа најголемиот авион во светот: гигантски воздушен брод наречен „Ерландер 10“ кој, кога се гледа од одреден агол, во целост личи на огромен – и можеби, ух, затворен – задник, пишува Футуризам.
Видете го „задникот“ на Инстаграм.
View this post on Instagram
„Задникот“ требало да оди во војната во Авганистан
„Ерландер 10“, со сета своја слава, имал малку проблематично минато. Првично бил дизајниран во 2010 година од американската војска како начин да се обезбеди надзор во Авганистан, но проектот бил откажан само две години подоцна.
Но, модата на возењето „цепелини“ пак се врати и „Ерландер 10“ изгледа ќе го направи својот прв лет.
„Задникот“ ќе оди на Северниот Пол
Но, „задникот“ сепак ќе оди на мисија на Северниот Пол! Компанијата наречена OceanSky Cruises започнува ново луксузно воздушно крстарење од и кон Северниот пол со цел да се рекреира историската експедиција што норвешките истражувачи ја извршија во 1926 година, објави Си-Ен-Ен претходно месецов.
Во тоа време, Си-Ен-Ен забележа дека поновата, комерцијална верзија на „Ерлендер 10“ е главен кандидат за изборното возило на OceanSky Cruises – и оттогаш од компанијата потврдија дека навистина ќе користат „гигантски пловечки задник“.
„Задникот“ може да се спушти и на 100 метри
„Ерландер 10“ може да лета исклучително бавно и блиску до земјата за да им овозможи на туристите неверојатен поглед на локалниот див свет и сценографијата.
– Можеме да се спуштиме на 300 метри, дури и 100 метри ако е потребно, бавно како велосипед со цел да им понудиме на нашите патници поглед на тие поларни живеалишта на нашите патници – рече пилотот Карл-Оскар Лавачек за Си-Ен-Ен.