АТИНА ПАК СЕ ЖАЛИ ДЕКА МИЦКОСКИ РЕКОЛ „МАКЕДОНИЈА“ И „МАКЕДОНСКИ“ Мицотакис дежура и во Вашингтон

Грчките медиуми му забележаа на Мицкоски што ја нарече својата земја Македонија, а претходно грчкиот премиер Киријакос Мицотакис истакна дека е сериозно загрижен од тоа што „новата влада на Северна Македонија во внатрешната комуникација сè уште се нарекува Република Македонија“.

1,086

„Премиерот на Северна Македонија Христијан Мицкоски, својата земја ја нарече – Македонија, а неговата влада – македонска влада“.

Вака гласат забелешките на грчките медиуми кои излегоа со реакции веднаш по говорот на македонскиот премиер на Самитот на НАТО во Вашингтон. На ваквите написи претходеше и изјавата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис кој истакна дека е сериозно загрижен од тоа што „новата влада на Северна Македонија во внатрешната комуникација сè уште се нарекува Република Македонија“.






Според Мицотакис, тоа не ѝ помага на европскиот пат и „на Северна Македонија и е непотребна компликација“.

Мицотакис меѓу другото нагласил дека „напредокот, безбедноста и просперитетот се засноваат на почитување на меѓународното право и меѓународните договори.

Прекршувањето или селективното спроведување на Договорот од Преспа ќе ја загрози стабилноста и безбедноста во регионот, порача грчкиот премиер.

Денеска е третиот ден од Самитот на НАТО во Вашингтон. Македонскиот премиер Христијан Мицкоски се среќава со бројни шефови на држави и високи претставници на земјите членки. Тој досега оствари средба и со американскиот претседател Џо Бајден и со генскот на НАТО Јенс Столтенберг.

Поврзани содржини