Џастин Трудо се вакцинираше со „АстраЗенека“
Заедно со Трудо се имунизираше и неговата сопруга Софи, која беше заразена со ковид-19 на почетокот на пандемијата минатата година.
Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска ја прими првата доза од вакцината против коронавирусот.
Трудо се вакцинираше со „АстраЗенека“ во една аптека во Отава.
– Многу сум возбуден – изјави канадскиот премиер непосредно пред вакцинацијата.
Заедно со Трудо се имунизираше и неговата сопруга Софи, која беше заразена со ковид-19 на почетокот на пандемијата минатата година.