Арсовски: Параполициските структури на Заев го следат раководството на ВМРО-ДПМНЕ и нивните семeјства
Тој тврди дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ се следи телефонски и физички директно од лидерот на СДСМ Зоран Заев преку братот на неговото обезбедување кој е началник во МВР во секторот за следење,за што партијата има и докази.
Параполициските структури на СДСМ мотивирани единствено од политички причини да допринесат за владеење на овој хибридно криминален режим воден од фамилијата Заеви и СДСМ го следат раководството на ВМРО-ДПМНЕ и нивните семејства и најблиски, обвини денеска портпаролот на опозициската партија Димче Арсовски
Тој тврди дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ се следи телефонски и физички директно од лидерот на СДСМ Зоран Заев преку братот на неговото обезбедување кој е началник во МВР во секторот за следење,за што партијата има и докази.
– Ова следење е организирано и реализирано преку двете безбедносни агенции со кои што раководат СДСМ и Зоран Заев. За ова постојат сериозни докази и ова ќе биде докажано на два начини. Веднаш штом се формира новиот парламентарен состав и мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ. Ќе биде поднесено барање до соодветните парламентарни комисии кои ќе треба да извршат надзор врз овие две агенции за да се утврди следењето на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави до Јавното Обвинителство со соодветни докази кои ќе бидат приложени кои треба да ја обелоденат вистината за ова параполициско нелегално следење од двете безбедносни агенции водени од Зоран Заев и СДСМ – рече Арсовски.
Арсовски рече дека судовите сега не можат да дејствуваат бидејќи се управувани од адвокатот на Заев, Филип Медарски.
Арсовски упати и предупредување до сите кои учествуваат во следењето на раководството на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе сносат одговорност.
– Согласно законот којшто ќе завладее во Република Македонија. Затоа размислте уште еднаш дали вреди да го правите ова за еден пропаднат политичар и криминалец како Зоран Заев – рече Арсовски.