Арсовски: Косата на Шекеринска тежи повеќе од животот на малолетник

Гледам сите ја споредуваат оваа пресуда со пресудата на дедото кој ја повлече Шекеринска за коса и доби поголема казна. Тоа веќе е јасно дека косата на Радмила Шекеринска тежи повеќе од животот на малолетник, но да не заборавиме дека во тој монтиран процес се досуди казна затвор на патриоти во висина од над 216 години, напиша Арсовски на Фејсбук.

1,524

Лани во август беше убиено со нож 17-годишно дете од Ново Лисиче, млад, надежен кошаркар на МЗТ пред кој беше цел живот. Убиството се случи на место каде што многу често се движевме со моето друштво како деца, напиша на Фејсбук портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„И кога сите очекуваа правда за ова убиство, убиецот добива казна затвор од 3 години. Три години за убиство со ладнокрвно оружје на малолетник! Алал вера судии и обвинители. Дали има некоја позадина оваа одлука на Судот, дали некој ургирал, интервенирал или заиграле телефоните од ‘горе‘ не се знае јавно, но нека цени народот. Само едно имајте на ум. Со ова, многу деца кои се во тинејџерски години каде што повеќе ги носи еуфорија, отколку памет, ќе бидат послободни да посегнат по оружје и да немаат проблем да употребат. ‘Јер’ три години нема да ги исплашат и натераат да размислуваат дали да носат нож, а не, пак, да го употребат. Никола Христовски нека почива во мир, а ние треба да сме свесни дека општествово е подготвено за ‘рестарт’ и треба сите колективно да го направиме подобро место за живеење. Гледам сите ја споредуваат оваа пресуда со пресудата на дедото кој ја повлече Шекеринска за коса и доби поголема казна. Тоа веќе е јасно дека косата на Радмила Шекеринска тежи повеќе од животот на малолетник, но да не заборавиме дека во тој монтиран процес се досуди казна затвор на патриоти во висина од над 216 години! Сега е јасно, во оваа држава казна е да си патриот и ќе гниеш по затвори, а ако си убиец многу брзо ќе шеташ слободен. Затоа ќе ве победиме како никогаш до сега и ќе се донесе ред што до сега го нема! Да живее Република Македонија!“, напиша Арсовски.






Поврзани содржини