Арсовски: Фирмата на братот на Љупчо Николовски издава каса прими наместо фискални сметки

ВМРО-ДПМНЕ ги повика јавно Сања Лукаревска и УЈП веднаш да постапат согласно законот и да влезат во фирмите на семејството Николовски, но и да кажат зошто до сега не постапиле согласно закон.

1,239

Дали Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупцијата е, всушност, најголем корупционер во власта? Додека инспекциите затвораат фирми на граѓани и за најмал пропуст, фирмата на братот на Љупчо Николовски наплаќа во кеш, без притоа да издава фискални сметки, соопшти денеска Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција.

– Братот на Николовски врши криминал и нелегално зема готовина. Николовски наплаќаат кеш спротивно на Законот за регистрирање на готовински плаќања, наплаќа на одредени правни субјекти. Фамилијата Николовски го кршат законот и работат спротивно на прописите. Доколку кој било друг граѓанин беше на местото на братот на Љупчо Николовски, прво ќе добиеше глоба од 5.000 евра, а потоа ќе имаше и постапки против него од УЈП – рече Арсовски кој покажа каса прими издадена од фирмата на братот на Николовски, „Лариком Импекс“.






Тој потсетува дека според чл.12 од Законот за регистрирање на готовински плаќања, не е дозволен промет на добра и услуги кои не се вршат преку монтиран и воведен во користење одобрен фискален систем на опрема освен во случаи кога е потребен ремонт или поправка на фискална апаратура односно надворешниот GPRS уред.

– Ги повикуваме јавно Сања Лукаревска и УЈП веднаш да постапат согласно законот и да влезат во фирмите на семејството Николовски, но и да кажат зошто до сега не постапиле согласно закон. Каде се пропустите, и дали Љупчо Николовски влијаел со својата функција за неговиот брат да може непречено да работи нелегално, спротивно на законот? Ја повикуваме ДКСК веднаш да отвори случај против Љупчо Николовски и да ги испита неговата вмешаност и влијание, како и дали била злоупотребена неговата функција и влијание во корист на фирмата на неговиот брат. Но и како додека 6.200 фирми во Македонија пропаднаа поради корона кризата, фирмата на Николовски има раст на приходите од 2.100 отсто – рече Арсовски.

Тој го повика и самиот Љупчо Николовски да каже дали и како се случило ова и веднаш да си даде оставка од позицијата вицепремиер за борба против корупцијата, како институциите непречено без страв од него и неговата позиција би го истражиле случајот.

 

Поврзани содржини