Арсовски: До вчера брифираа дека ќе има нов бран на есен, сега бараат избори во тој период

381

Ултиматумот на СДСМ за избори во јуни или во декември според ВМРО-ДПМНЕ е најголем доказ дека на Зоран Заев и СДСМ воопшто не им е важно здравјето на граѓаните.

– Такви ултиматуми ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа и Зоран Заев не е ниту во состојба, ниту пак е  фактор во моментов да уценува некого или да диктира услови. Зоран Заев е давеник фатен за сламка и уште еднаш нека му биде јасно Зоран Заев е завршена приказна. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ по тоа прашање е доволно јасен. СДСМ си играат, тргуваат и лицитираат со човечките животи. Подготвени се да газат и по човечки трупови, како и да обесхрабрат многумина да гласаат против нив и со тоа да се обидат да ја намалат разликата која што моментов е огромна. Сега веќе не им е важно за здравјето на граѓаните и вториот бран кој го говореа претходно и тоа е уште едно лицемерие и еве ги лицемерието и лагите, односно вистинското лице на СДСМ на дело. Ова е СДСМ. Лицемерно и воопшто да не се грижи за здравјето на граѓаните – рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање.






Според Арсовски, СДСМ се однесува несериозно и неодговорно.

– До вчера брифираа дека доцна есен ќе имало нов бран со ккорона, сега велат ако нема избори во јуни тие ќе биле во декември. Со ова СДСМ и Зоран Заев уште еднаш докажуваат дека се коцкаат со судбината на граѓаните и ја уценуваат целата држава само и само за да го ублажат поразот – додаде тој.

Поврзани содржини