Арсовски: Ангеловска крие дека купила стан од 100.000 евра, а Антикорупциска молчи

Тој апелираше Антикорупциската  комисија  да поведе постапка и да утврди како е сткнат тој имот на министерката.

983

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека министерката за финансии Нина Ангеловска крие дека купила стан од околу 100 м2 во вредност од над 100.000 евра, бидејќи овој имот го нема на листата на имот кој го поседува пријавен во антикорупциската комисија. Од партијата бараат Антикорупциската комисија да преземе соодветни мерки, бидејќи, како што велат, Ангеловска сака да сокрие и на каков начин го стекнала овој имот.

– Според информациите  и документите коишто ги добивме, министерката Нина Ангеловска, која на позицијата министер е неполна година, изминатиов период купила стан од околу 100 м2 од градежна фирма со локација во Градски парк, во вредност од над 100.000 евра. Овој имот Ангеловска не го пријавила во Антикорупциската комисија бидејќи го нема во нејзиниот имотен лист  – изјави на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.






Арсовски  праша дали министерката поседува ваков стан и зошто го крие.

– Дали Нина Ангеловска сака да го изигра законот и да го сокрие станот со кој се стекнала изминатиов период? – праша Арсовски.

Нина Ангеловска, додаде тој,  е должна и има законска обврска да и објасни на јавноста зошто го крие станот и вклучително на кој начин е стекнат овој стан.

Тој апелираше Антикорупциската  комисија  да поведе постапка и да утврди како е сткнат тој имот на министерката.

Поврзани содржини