АРСОВСКА ВЕЛИ ЖИВЕЕМЕ ВО РЕЖИМ Пет години немаа лош збор за мене, а сега секој ден добивам навреди и закани

Арсовска истакна дека се во тек ревизии на работењето на градот и на јавните претпријатија во изминатите години и фактичката состојба од истите укажува на сериозни проблеми, истакнувајќи дека претпријатијата се финансиски девастирани.

2,658

Има недоверба на граѓаните во институциите и таа недоверба е оправдана. Реформите коишто се ветуваа, она што се зборуваше како празни флоскули дека нема правда, нема мир, сега ништо не е променето. Ние денеска живееме во режим како што сакаше некој да прикаже дека имало претходно. Луѓето повторно шепотат бидејќи не можат мирно и слободно да зборуваат. Заканите се исти, тука се и постојат. Кому ќе пријавите и од кого треба да очекувате постапување по тие пријави? Токму ова се причините не само сега, туку и во изминатите години зошто ние стоиме пред портите на Европската унија толку долго време, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во вечерашното гостување на ТВ Шења, по изнесените ставови дека продолжуваат секојдневните напади и закани кон нејзе, семејството и најблиските пријатели и соработници од страна на луѓе од власта.

Арсовска додава и дека овие напади нема да ја натераат да се откаже од функцијата и не се случајни, напротив, доаѓаат од луѓе кои се плашат дека ќе ја изгубат сегашната комоција затоа што некој има намера да ги разобличи за се она што го правеле во изминатите години со факти и аргументи.






– Ова се луѓе кои пет години немале ниту еден лош збор за мене лично и професионално. Во моментот кога се соочени со човек кој јавно кажува дека одговорност ќе има за се она што го правеле во изминатите години, тие започнуваат со секојдневни напади. Кај личности со интегритет овие напади не можат да вродат со плод. Работиме на детекција на сите работи кои биле направени и за истото покренуваме постапки за кои ќе видиме дали институциите ќе постапуваат – додава таа.

Арсовска вели дека стотина нови административци биле вработени непосредно пред изборите.

– Во изминатите четири месеци гледаме како владејачката партија пласира невистини и манипулации дека ќе бидат потрошени средства на партиски вработувања што не е точно. Претпоставувам дека мислеле на нешто што тие планирале да го направат, но сега не се во можност бидејќи ги изгубија изборите. Неопходно е во градот и во јавните претпријатија да се консолидираат процесите. Ние гледаме дека тие ја зголемиле бројката на вработени за 100 нови, а услугите коишто им се нуделе на граѓаните не биле ништо поквалитетни. Напротив, трошеле пари на кафеани, на непродуктивни трошоци и сега повеќе за тие намени не се трошат парите на граѓаните – изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во вечерашното гостување на ТВ Шења.

Арсовска истакна дека се во тек ревизии на работењето на градот и на јавните претпријатија во изминатите години и фактичката состојба од истите укажува на сериозни проблеми, истакнувајќи дека претпријатијата се финансиски девастирани.

– Сериозни ревизии се во тек, за дел имаме конкретни информации и за истите отпочнавме со информирање на јавноста. Во моментов ги сумираме дел од забелешките коишто ги добивме, но ќе покренуваме и соодветни постапки за нотирани злоупотреби на службената должност и овластувања и се што се правело а не било во интерес на граѓаните. Има основани сомненија, за истите ја известуваме јавноста и понатаму се доставуваат до надлежните институции коишто би требало по истите да постапат, за истото да не се повторува и во иднина – вели Арсовска.

Поврзани содржини