(ВИДЕО) АРСОВСКА ГО ВПЕРИ ПРСТОТ ВО ПОЛИТИЧАРИТЕ Ќе го расчистиме сметот, а потоа и политичарите како Мицкоски, рече таа

Градоначалничката на Скопје рече дека веднаш е ставен во функција кризен штаб од скопските јавни претпријатија кој има за цел да ја одржува хигиената во главниот град кои се излезени на терен и активно чистат.

1,208

Мафијашки структури веќе неколку дена ја блокираат работата на Комунална хигиена поради свои лични интереси. Се работи за лица кои повеќе од 15 години работат само една смена и тоа трета смена во претпријатието, спротивно на Законот и колективниот договор рече градоначалничката Данела Арсовска по вечерашната седница на кризниот штаб.

– Поголем дел од нив воопшто не се појавуваат на своите работни места и не ги извршувале своите работни обврски. Сега истите ја блокираа работата на комуналното претпријатие и не дозволуваа никој да ги извршува своите работни задачи. Иако нема најавено штрајк и поголем дел од нив веќе не се вработени во претпријатието сепак тие извршија мафијашка блокада. Морам да констатирам дека директорката Мазнева беше во право кога најави дека поради ова насилство врз граѓаните на градот Скопје ќе се појават стаорци по улиците – и тоа се случи. Погледнете ги само како инструирано и договорно настапуваат политичките партии. Вчера ниту институциите не успејаа да ја прекинат незаконската блокада на претпријатието. Ова е уште еден знак дека во Македонија не функционира правната држава – рече Арсовска.






Од овие причини веднаш е ставен во функција кризен штаб од скопските јавни претпријатија кој има за цел да ја одржува хигиената во главниот град кои се излезени на терен и активно чистат.

– Заврши времето кога јавните претпријатија беа третирани како нечија лична приватна сопственост и наместо за интересот на граѓаните работеа во интерес на малкумина. За крај сакам да додадам и да му порачам на Христијан Мицкоски дека е разобличен вечерва за тоа што со бескрупулозноста за евтини политички поени сака да креира проблеми за граѓаните кои потоа се претставува дека ги решава и расчистува. Таквите политичари се најголемото ѓубре кое го видел овој град и ние вечерва ќе почнеме, со чистењето на ѓубрето, да ги чистиме и нив –  рече Арсовска.

Таа рече дека тоа е јасно бидејќи да се утврди со тоа што веднаш се организирале како партија да го решат проблемот.

– Вечерва стана јасно кој ги организира и кој стои во блокадата за нерасчистувањето во Скопје. Тоа го прави лично Мицковски со неговите градоначалници – рече Арсовска.

Таа посочи дека медиумите ќе добијат списоци на може да се види дека цели семејства биле вработени во „Комунална хигиена“ и се однесувале како претпријатието да е нивно.

Поврзани содржини