АРМИЈАТА ЗНАЧИТЕЛНО СЕ ЗАСИЛИ СО „БОРАН“ СИСТЕМИ, „JLTV“, „STRYKER“… Министерот Мисајловски најави дополнителна набавка на опрема

Набавуваме и напредна комуникациско-информациска опрема и опрема за сајбер одбрана и крипто заштита која е дел од седумте договори кои ги потпишавме со САД во декември минатата година, вели министерот Мисајловски.

258

Оваа година македнската армија значително ќе се зајакне со пристигнување на дел од оклопните возила „STRYKER“, рече во вчерашниот говор министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

– Набавуваме и опрема за пешадија како што е вооружување со мал калибар, автоматски пушки, митралези, фрлачи на гранати, униформи, чизми и се што е потребно за нашите припадници беспрекорно да ги извршуваат своите задачи – истакна Мисајловски.






Министерот ја нагласи АБХО опремата како и инженерските машини и останата опрема.

– Споменатите артилериски системи „Боран“, набавени од сојузничка Турција се веќе дел од армискиот арсенал. Набавуваме и напредна комуникациско-информациска опрема и опрема за сајбер одбрана и крипто заштита која е дел од седумте договори кои ги потпишавме со САД во декември минатата година. Во овие договори се вклучени и набавка на безпилотни системи, опрема за извидувачките и разузнавачките единици, опрема за специјалните сили, лесно пешадиско вооружување, средства за лична заштита и комплет за контрола на здружен оган – потенцираше Мисајловски.

Тој нагласи дека армијата дополнително ќе се зајакне со набавка на противоклопниот систем „JAVELIN“ кој ќе биде вграден во дел од оклопните возила „JLTV“ и „STRYKER“.

– Во тек е и проектот за набавка на ,,Специјални возила за посебни намени“ со кој ќе се обезбеди опремување со товарни и специјални моторни возила кои ќе ја засилат мобилноста и снабдувањето на единиците на Армијата. Продолжува и набавката на нови хеликоптери кои значително ќе ни помогнат во овие периоди кога се справуваме со пожарите на целата територија. Армијата ја градиме и преку одличните билатерални односи со нашите сојузници. Посебно со Соединетите Американски Држави кои нè поддржуваат во континуитет со сериозни финансиски средства. Обединетото Кралство нè поддржи со индивидуална опрема, а со Турција склучивме договори за набавка на околу 4.000 комплети борбена униформа кои очекуваме да пристигнат веќе во септември, а во дополнителна постапка и во процес сме за и околу 3400 пара чизми и 1800 комплети борбена униформа. Со поддршка од околу 38 милиони евра од Европскиот мировен фонд склучивме договори за набавка на медицински возила инженериски машини, дозери, наторувачи, симулатори за пациенти, одела за деминери, робот за уништување на неексплодирани средства, влечни возови, генератори и друга опрема – рече министерот Мисајловски.

Поврзани содржини