АРИЈАН ИБРАИМ ВО ТРКАТА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЦЕНТАР ЖУПА Го кандидираше Демократската партија на Турците
Веруваме дека на 11 јануари, со уште поголема излезност и уште посилна поддршка од нашите сограѓани, Центар Жупа повторно ќе победи – порача партијата.
Демократската партија на Турците во Македонија (ДПТМ) соопшти дека денескка официјално ја поднела кандидатурата за нејзиниот кандидат Аријан Ибраим за градоначалник на Општина Центар Жупа на повторените локални избори што ќе се одржат на 11 јануари 2026 година.
„Центар Жупа е општина во која со години заеднички вложуваме труд, доверба и посветеност. Нашиот кандидат Аријан Ибраим, преку својата работа и пристап, ја стекна и ја зацврсти поддршката на граѓаните. Уверени сме дека и на овие избори ќе продолжиме по истиот пат, со истата одлучност и посветеност.
Веруваме дека на 11 јануари, со уште поголема излезност и уште посилна поддршка од нашите сограѓани, Центар Жупа повторно ќе победи. Нека овие избори бидат успешни и благотворни за нашиот народ, за државата и за целото наше членство. На нашиот кандидат и на општинската организација им посакуваме искрен успех“ – се вели во соопштението на ДПТМ.