Арачиновец обвинет за дилање марихуана

223

Скопското обвинителство поднесе обвинение против 20-годишен арачиновец за препродавање на марихуана.

– Дрогата кај обвинетиот била пронајдена на 23 февруари при претрес на неговиот дом во Арачиново.  Наркотична дрога – марихуана спакувана во едно поголемо пакување облепено со селотејп трака,  со нето маса од 1007,8 грама,  обвинетиот ја држел заради продажба  скриена во плакар во подрумска просторија.






Поради опасност обвинетиот да се крие или да се даде во бегство, но и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до  Основниот кривичен суд Скопје со обвинението достави и посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот, соопшти обвинителството.

 

Поврзани содржини