Владата предложи ослободување од царина за увоз на прехранбени и санитетски производи

Министерстворо за економија треба да подготви листа во најкус рок.

432

Владата на синоќешната седница го задолжи Министерството за економија веднаш да достави до предлог за ослободување 100% од царински давачки за прехранбени хигиенски производи.

Се предлага да ослободат од царина за увоз на следните производи:  брашно од пченица, масло сончогледово, бел шеќер, сапуни, детергенти, облека и прибор за облека, пелени за деца и возрасни, марамчиња, рачни крпи во ролни, маски пластични со текстилен филтер, прекривки текстилни за хируршка употреба, одело хируршко од хартија, маски хартиени, одело заштитно гумено, ракавици гумени, хируршки и останати, одело хируршко текстилно, варикина и останати средства за дезинфекција, асепсол, медицински алкохол, и заштитни наочари.

Поврзани содржини