ЈАПОНЦИТЕ ПРЕД НОВА БЛОКАДА ЗА КУПУВАЊЕ НА ЧEЛИЧАРНИЦАТА „ЈУ-ЕС СТИЛ“ Трамп не дозволува челичарницата да ја купат странци

Јапонската компанија Nippon Steel („Нипон стил“) понуди од 14,9 милијарди долари за преземање на U.S. Steel.

1,190

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно изјави дека американската челичарница U.S. Steel („Ју-Ес стил“) не треба да премине под контрола на странски сопственик.

Со тоа, Трамп дополнително ги намали надежите на јапонската компанија Nippon Steel („Нипон стил“) дека американските власти ќе ја одобрат нејзината понуда од 14,9 милијарди долари за преземање на U.S. Steel.






– Не сакам ‘Ју-Ес стил’ да оди во Јапонија – изјави Трамп во средата, по што акциите на оваа 124-годишна американска компанија паднаа за 7%.

Двете компании соопштија дека тесно соработуваат со администрацијата на Трамп за да обезбедат „значителна инвестиција“.

Претходно и поранешниот претседател на САД Џо Бајден го запре преземањето на челичарницата за што „Нипон Стил“ и „Ју Ес Стил“ поднесоа федерална тужба со која ја оспорија одлуката.

 

 

Поврзани содржини