АПИС донира 20.000 евра за ГОБ „8 септември“

359

Продолжува серијата на донации на компаниите, членки на АПИС, во здравствените институции  кои се на првите борбени редови при соочувањето со пандемијата од вирусот ковид-19, соопшти ХТЛ Македонија членка на асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС.

– Силен здравствен систем е она што е императив кога се соочуваме со една ваква закана, па токму поради тоа компанијата ХТЛ Македонија, членка на Групацијата Новоматик од Австрија, реши да донира болнички кревети во износ од 20.000 евра во ГОБ „8 Септември“ во Скопје. Помошта на здравствените институции во државата околу она што им е најпотребно овој период е од витално значење и истото го диктира темпото со кое ќе се справуваме со овој невидлив непријател. Сакаме да веруваме дека со оваа наша акција барем малку ќе го олесниме секојдневието на здравствените работници кои ќе имаат една грижа помалку на своите плеќи, се вели во соопштението.






Циклусот донации на Групацијата НОВОМАТИК во Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел) и АПЕКС Македонија, чија вкупна сума изнесува 200.000 евра, продолжуваат во наредниот период, а ќе бидат донирани болнички кревети и дезинфикциони средства на други болници кои се вклучени во борбата против новиот коронавирус, ковид-19.

Поврзани содржини