Апасиев: Исчезнале амандманите на Левица, Џафери ќе „кркне“ уште една кривична

Дечки, се врти колцето бе. Утре вие ќе бидете опозиција, а ние власт. Тогаш ќе ви поставиме канти во ходник и сами ќе си ги фрлате. Ич да не се мачиме, напиша Апасиев на Фејсбук.

819

Амандманите на пратениците на Левица за Законот за лична карта исчезнале при реносот од собраниската архива до Кабинетот на собранискиот спикер Талат Џафери, напиша на Фејсбук првиот човек на Левица, Димитар Апасиев.

„Амандманите на Левица за Законот за лична карта ‘исчезнале‘ при преносот од собраниската архива до Кабинетот на Џафери? Дечки, се врти колцето бе. Утре вие ќе бидете опозиција, а ние власт. Тогаш ќе ви поставиме канти во ходник и сами ќе си ги фрлате. Ич да не се мачиме. Фараоне Џафери, ќе кркнеш уште една кривична пријава за узурпација на уставното право на пратеник да предлага амандмани. Си се зафркнал ако мислиш дека со нас вака можеш да се зафркаваш“, напиша Апасиев.

Поврзани содржини