Апасиев го нарече Димитров американски шпион, а тој возврати: Ти си инквизитор од средниот век
Апасиев за време на расправата по интерпелацијата за Димитров рече дека тој многу лошо го водел Министерството за надворешни работи и треба да одговара за потпишувањето на Преспанскиот договор кој според него е „капитулантски“.
Пратеникот Димитар Апасиев го нарече вицемиерот за европски прашања Никола Димитров американски штион, а тој му возврати дека е инквизатор од средниот век.
Апасиев за време на расправата по интерпелацијата за Димитров рече дека тој многу лошо го водел Министерството за надворешни работи и треба да одговара за потпишувањето на Преспанскиот договор кој според него е „капитулантски“.
– Мојата прва средба со Димитров беше на Правниот факултет кога јас бев демонстратор. Тогаш Димитров рече: „Уставното име е последниот столб на државноста, и ако се промени, ќе се премине линијата на достоинството“. Потоа се случува аферата Никиликс, кога станува заштитен извор на депешеата на Рикер кон САД. Односно дека тој ги издавал случувањата на САД, дека нема конзенсуз меѓу Црвенковски и Груевски за името, и практично бил американски шпион – рече Апасиев.
Димитров, на тоа му одговори дека тој влегува во категорија на политичар-обвинител, па и политичар-инквизитор.
– Така и потсетува на некој начин, на средновековието кога инквизицијата имала главен збор. За нашата татковина, за нашата Македонија многу Македонци и Македонки оделе во затвор и јас сум спремен таа цена да ја платам за македонската кауза. Некои оделе во затвор, а некои ги пикале во затвор, ама размислете тоа вас во која категорија ве става и каква место си резервирате во македонската историја – рече Димитров.
Тој рече дека иако Aпасиев е професор по право, меѓутоа греши кога вели дека Преспанскиот договор е потпишан надвор и од членот на Уставот што го регулира тоа прашање и надвор од Законот за склучување и ратификација на меѓународните договори.