Апасиев: Џафери е нашиот Че Гевара, а Талат му врати дека тој е Фидел Кастро

1,839

Талат Џафери е нашиот Че Гевара, од герила дирекно влезе во власта, рече пратеникот Димитар Апасиев од Левица кој, како што порача од собраниската говорница неговата партија нема да гласа за реизбор на поранешниот претседател на Собранието.

– Во левичарските кругови велат сум личел на Че Гевара, но единствен пат во историја од герила директно во влада му се случило само на Талат Џафери, за што само може да му се честита. Му давам и 3:0 за толкување на Уставот, наспроти претседателот на државата, Стево Пендаровски – рече Апасиев и тоа по три прашања дека не може да се свика распуштено Собрание, Собранието не е конституирано ако не е избран спикер и дека не може да се одложи самораспуштање на Собранието.






Нарекувајчи го „хвалоспев“ образложението на предлагачите за реизбор на Џафери, Апасиев забележа дека тој како поранешен претседател на македонскиот парламент имал игнорантски однос кон предлозите на опозицијата кои најчесто завршувале во корпа. Апасиев забележа дека Македонија е единствена земја во светот во која во парламентот има три знамиња, иако суверенитеот на државата произлегува од граѓаните и треба да стои само знамето на Република Македонија.

Тоа не го прави ни САД, додаде Апасиев и иронично предложи да се постави  уште и американско знаме за да се знае кој е главен овде.

– Му замерувам и што на оваа седница не презборе на македонски, кон почит на македонскиот народ – додаде Апасиев.

По говорот на Апасиев, реплицираше Џафери:

– Ќе прифатам дека сум Че Гевара, ако  вие се согласите да бидете Фидел Кастро – рече Џафери.

На ова Апасиев одговори: „Ние марксистите и ленинисти ќе најдеме точка на спојување“.

Собраниската седница продолжува во 16 часот.

Поврзани содржини