Антонио Бандерас го победи коронавирусот по 21 ден

На неговиот 60-ти роденден, Бандерас откри дека е заразен со коронавирус.

599

Славниот актер Антонио Бандерас го победи ковид-19 по 21 ден, а оваа вест тој ја објави на својот Инстаграм профил.

 






– После 21 ден на дисциплинирана изолација можам да кажам дека ја победив коронавирусната инфекција. Јас сум излечен. Мислите ми се со оние кои не биле толку среќни колку што сум бил јас и со оние кои претрпеа повеќе од мене. Им посакувам сила и на оние што се во „битка“ – напиша актерот.

На неговиот 60-ти роденден, Бандерас откри дека е заразен со коронавирус.

– Сакам да објавам дека сум присилен да го прославам 60-тиот роденден во карантин, затоа што сум позитивен за ковид-19, што го предизвикува коронавирусот – напиша тој на Твитер во тоа време.

– Јас би додал дека се чувствувам релативно добро, малку поуморен од вообичаеното и сигурен сум дека ќе се опоравам што е можно побрзо – додаде тој.

Актерот изолацијата ја помина во Велика Британија.

Поврзани содржини