АНТИ-МАСКЕРИ УАПСЕНИ ПРЕД ХРВАТСКО УЧИЛИШТЕ Родител протестирал за синот, тие го поддржале ВИДЕО

Министерот за наука и образование, Фукс, рече дека постапката, ако ситуацијата не се реши со разговор, дополнително вклучува проценка за одземање на детето од родителите поради нивното неодговорно однесување.

333

Родител во Хрватска кој три дена протестира неговиот син да не носи маска во школо може да се соочи со одземање на детето од властите, а негови поддржувачи, таканаречени „антимаскери“, се расправале со полицијата, дознава Индекс. Хаосот настанал утринава кога еден од протестирачите бил приведен, додека момчето, Кристијан Гачин, по трет пат не било пуштено да влезе во основното училиште „Крапинске Топлице“, пренесува Блиц.

Антимаскери, или скратено, луѓе кои мислат дека носењето маски е штетно, жестоко се расправале со полицајците, а инцидентот трае цела недела. Тие се расправале и со новинарите и дури ги нарекле „луѓе на Хитлер“.






Дури 26 пријави против родителите, уапсен еден антимаскер

Полицијата побарала групата антимаскери да се оддалечат од училишниот простор, но тие одбиле. Антимаскерите цело време ја снимале полицијата, а се побуниле кога новинарите дошле да ги снимаат нив.

На новинарско прашање колку време мислат дека ќе демонстрираат, антимаскерите одговориле дека „ова не е протест“, прашувајќи ги новинарите дали ја знаат дефиницијата за протест.

Кога новинарите ги прашале зошто се собрале пред училиштето и кои се тие, демонстрантите одговориле дека се „само минувачи“ и ги прашале новинарите зошто, пак, тие се таму.

А, еве како таткото го бранеше синот и велеше дека маската му смета на детето.

 

Ги контактирале од Социјалното, не им отвориле

Сè започнало во петокот кога антимаскерите упаднаа во просториите на училиштето, а раководството на училиштето тогаш ангажираше обезбедување, кое и денес стои пред училиштето.

Претставници на Центарот за социјална работа вчера се обидоа да контактираат со родителите на момчето, тие дојдоа кај нив, но не ги пуштиле кај нив дома.

Вчера полицијата напиша 26 прекршочни пријави против родителите на момчето кое одби да носи маска.

 

Момчето може да им биде одземено на родителите

Министерот за образование Радован Фукс и премиерот Андреј Пленковиќ ја коментираа ситуацијата во „Крапинске Топлице“.

– Оние што упаѓаат во училиштата треба да бидат строго санкционирани, тоа е недозволиво. Мислам дека мерките на Штабот треба да се почитуваат, ова не е импровизација, туку став на епидемиолозите. Уште еднаш, не разбирам од каде им е таквото иритирачко однесување на луѓето кои дојдоа. Оние што прават циркуси и излегуваат на улиците, ќе разберат дека сме благи – рече Пленковиќ.

Министерот за наука и образование Радован Фукс утрово рече дека образовниот процес не треба да го нарушува никој и дека во моментов процесот околу учениците во „Крапинске Топлице“ кои одбиле да носат маска во рацете на социјалните служби.

Во емисија на хрватското радио, Фукс рече дека постои законски пропишана процедура и дека социјалните служби го прават своето: разговор со родителите на учениците за решавање на кризата.

Тој рече дека постапката, ако ситуацијата не се реши со разговор, дополнително вклучува проценка за одземање на детето од родителите поради нивното неодговорно однесување.

Поврзани содржини