Анексот веднаш да се врати назад, а не за него да се преговара!

Со Бугарија имаме Договор за добрососедство, со кој ние гарантираме дека немаме никакви територијални аспирации и тоа е повеќе од доволно за да се затвори поглавјето со нив. Ако Европа непринципиелно бара повеќе од тоа, треба да им соопштиме дека ги замрзнуваме преговорите со ЕУ, сè додека не се променат околностите.

5,808

Читам дека срамежливо се најавува некаков олеснувач на преговорите со Бугарија, веројатно по примерот на Нимиц со Грција. Ако има барем малку мудрост во македонската Влада, не смеат ни да помислат да влетаат во таква игранка. Тоа ќе биде гордиев јазол за македонските ЕУ перспективи. Исходот од евентуални такви преговори кои би завршиле којзнае кога, ќе биде некаков “разумен компромис” кој ќе биде исклучиво на наша штета.

Читам дека Бугарија испратила некаков Анекс од 12 точки, за кој би требало да се преговара. Анексот веднаш треба да биде вратен назад и да не се влегува во стапицата. Преговори за содржината на овој анекс ќе значат дека барем за половина од точките ќе треба да попуштиме, а знаејќи што се спорните моменти, тоа ќе значи идентитетско осакатување и обезличување.

Со Бугарија имаме Договор за добрососедство, со кој ние гарантираме дека немаме никакви територијални аспирации и тоа е повеќе од доволно за да се затвори поглавјето со нив. Ако Европа непринципиелно бара повеќе од тоа, треба да им соопштиме дека ги замрзнуваме преговорите со ЕУ, сè додека не се променат околностите.

Има работи околу кои не смее да се преговара, другари. Има црвени линии после кои се затвора вратата. Читам деновиве силна какофонија во изјавите на домашните фактори задолжени за надворешната политика, а тоа загрижува. Имам чувство дека Заев по секоја цена сака да го затвори спорот со Бугарија и тоа не е добро. Знаеме како тој експресно ги затвора работите.

(ФБ статус на авторот)
Поврзани содржини