Андреа Бочели вечерва со нов он-лајн концерт

Овој пат, тој ќе го изведе од „Teatro del silenzio”, амфитеатар што е изграден на негова иницијатива во родниот град Лајатико.

472

Славниот италијански тенор Андреа Бочели ќе одржи уште еден концерт без публика под слоганот „Чекајќи ја мистеријата на убавината 2021“, кој ќе се пренесува на Интернет вечерва во 19. часот на неговиот јутјуб канал.

Овој пат, тој ќе го изведе од „Teatro del silenzio”, амфитеатар што е изграден на негова иницијатива во родниот град Лајатико.






Тенорот ќе пее пет песни, придружени со пијано од Карло Бернини, сопранот Александра Маријанели и уметникот Бретани О’Конор.

Секоја година, Лајатико е домаќин на „Teatro del silenzio“, настан промовиран од Бочели и чие издание во 2020 година е одложено за следната година од 22 до 24 јули поради пандемијата.

„Teatro del silenzio“ живее во имагинацијата и со надеж дека десетици илјади гледачи ја чекаат 2021 година. Нејзината прекрасна публика е веќе тука, на шарените знамиња на светот”, напишано е на официјалната страница на Бочели на Фејсбук.

На 12 април, славниот тенор изведе Велигденски концерт од празната катедрала „Duomo“ во Милано, кој го гледале околу 24. милиони луѓе преку каналот Јутјуб.

Овој концерт беше симболична порака на љубов, надеж и поддршка за заздравување на луѓето кои страдаат од ковид-19.

Поврзани содржини