АНДОНОВСКИ ТВРДИ ДЕКА НОВИОТ ДУП ГО СКВЕРНАВИ СЦ „БОРИС ТАЈКОВСКИ“ Шилегов и Богоев негираат
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и денеска ги праша Петре Шилегов и Стефан Богоев кој ќе гради згради на терентие на спортските игралишта во спортскиот центар.
Соочени со реакциите на граѓаните – Петре Шилегов и Стефан Богоев се служеа со лаги, манипулации, навреди и клевети само вистината да не излезе на виделина. Но, џабе им се лагите дека улица можело и не морало да се гради, дека спортските терени немало да се рушат. И на јавната презентација признаа дека улицата ќе се проширува и продолжува – а со тоа дека ќе ги уништи спортските терени во СЦ „Борис Трајковски“. Сега само ја префрлаат одговорноста помеѓу градот и општината.
Ова на денешната прес-конференција го кажа Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека е јасно како ден дека Регулацискиот план нае Шилегов за реонот на СЦ „Борис Трајковски“ предвидува рушење на картинг патеката, тениските терени, но и терасата на базенот Карпош.
– Прашањето е зошто среде одмори во август, Стефан Богоев, како еден од своите последни потези како градоначалник на Карпош, реши да донесе ДУП со кој се бетонизира спортскиот центар„ Борис Трајковски“. Зошто последен потпис пред предвремената пензија на Богоев ќе биде потписот за рушење на дел од овој спортски комплекс ? Одговорот е едноставен. Заради олигархијата која и ден денес го контролира СДСМ. Шилегов со помош на Богоев сакаат да го уништат најголемиот спортски храм во Македонија, за нивните ментори да градат згради – рече Андоновски.
Тој праша: Дали е точно дека земјиштето за градба на огромни згради е под контрола на еден од најмоќните бизнисмени на црвената буржоазија на транзициските 90-ти години?
– Доколку не го знаете одговорот на некое прашање, видете кој ќе има најголема добивка од тоа. И ниту еден надмен, дрзок и безобразен лажен коментар на СДСМ не можат да избегнат од оваа вистина – рече Андоновски.
Тој смета дека вакво нешто не смее да му се случи на СЦ „Борис Трајковски“, на Карпош и на Скопје!
– Планот да се срушат тениските терени, картинг-центарот и терасата на базенот за да се добие прометна улица која ќе води до огромни бетонски згради е недопустлив. Преку 500 дечиња ќе останат без тенис, картинг и безбедно пливање. Тренерите на сите овие спортови ќе останат без работа и извор на егзистенција. Изборот е или бетонизација или спорт – рече Андоновски и ги потсети скопјани дека во октомври имаат можност да одговорат на оваа дилема.
– На изборите имаме шанса да ги казниме овие бетонски политики, и да избереме развој на спортот. А потоа да следи одговорност за криминалот – рече тој.