Јанчев: Нема да го преземам ВМРО-ДПМНЕ на начинот на Мицкоски

2,517

Се согласувам дека ВМРО -ДПМНЕ не е АД, и уште помалку сметам дека е ДООЕЛ. Се согласувам дека статусот и функцијата треба да се добијат демократски, односно целосно спротивно од начинот на кој Мицкоски беше избран. Беше единствен кандидат форсиран и определен од поединци. Јас не би сакал да го преземам ВМРО-ДПМНЕ на начинот на кој што Мицкоски стана претседател, му одговори градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев на секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски,  кој вчера му порача дека ВМРО-ДПМНЕ не е акционерско друштво, па да биде преземена,.

– Ќе се борам да се организира фер и демократски конгрес на кој ќе може да учествува секој чесен вмровец кој има визија, програма и енергија да го врати ВМРО на победничката патека. Ако јас во бизнисот толерирав лузери и сплеткароши никогаш немаше да го постигнам тоа што го постигнав. Ако во општината се опкружев со полтрони и интересџии никогаш Кавадарци немаше да биде ова што е денес. Затоа и го употребив тој термин, кој кај вас предизвикува реминисценции за начинот на кој ова раководство го презема ВМРО – вели Јанчев за „Фокус“.

 

Поврзани содржини