Анџелина Џоли со прво големо интервју по неколку години: Јас и Бред живееме еден до друг ФОТО

1,835

Анџелина Џоли зборуваше во едно од ретките интервјуа за нејзината врска со Бред Пит, воспитувањето на децата и живеењето во нејзините 40-ти години.

45-годишната актерка се омажи за 57-годишниот Бред во 2014 година по речиси 10 години врска. Тие имаат шест деца заедно, а еден од омилените парови во Холивуд неочекувано се раздели во 2016 година и оттогаш е во процес на развод.






Говорејќи за животот по распадот на бракот, Анџелина истакнала дека таа и Бред сè уште живеат блиску еден до друг.

– Сакав децата да бидат близу до нивниот татко, кој е оддалечен само пет минути. Чувствував одреден притисок да се преселам тука – изјавила таа за британски „Вог“, чија насловна страница ја краси.

Во продолжение на разговорот, таа сугерирала дека сè уште премислува за разводот од Пит.

– Не знам. Последните неколку години беа прилично тешки. Јас се фокусирав на заздравување на нашето семејство. Полека се враќам, како мраз што се топи и крв што се враќа во моето тело. Но, јас не сум таму. Се надевам дека ќе бидам. Јас го планирам тоа – рекла Анџелина.

Актерката живее во пространа вила со шест спални соби и 10 бањи во Лос Анџелес, која претходно му припаѓаше на основачот на американската кинематографија, Сесил Б ДеМил.

– Она што најмногу ми се допаѓа е тоа што нема соби за забава, но има многу патеки и места за шетање и размислување. Се чувствувам многу среќно што го имам тоа во овој момент – рекла актерката.

Говорејќи за мајчинството, актерката рекла дека не се смета себеси за традиционална мајка.

– Чувствувам како да ми недостасуваат сите вештини за да бидам традиционална мајка која останува дома. Се снаоѓам затоа што децата се прилично издржливи и ми помагаат, но воопшто не сум добра во тоа – рекла таа.

Таа се осврнала и на животот во 40-тите години.

– Сакам да сум постара. Се чувствувам поудобно во четириесеттите години отколку кога бев помлада. Можеби затоа што… Не знам… Можеби затоа што мајка ми не живееше долго, така што има нешто во тие години што е за мене повеќе победа отколку тага. Ми се допаѓа. Се радувам на своите педесетти години – заклучила Џоли.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини