Американската амбасадорка Брнс: Како пријател и партнер очекувам соработка со новата влада

Честитки за премиерот Зоран Заев и за парламентарното мнозинство по повод формирањето на новата влада, напиша американската амбасадорка Кејт Брнс на Твитер.

295

Амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнс, на Твитер го честита формирањето на новата влада на премиерот Зоран Заев.

„Честитки за премиерот Зоран Заев и за парламентарното мнозинство по повод формирањето на новата влада. Како пријател и партнер очекувам соработка со Владата кон континуиран напредок во однос на реформиските цели на ЕУ и одлучна заложба за владеење на правото“, напиша амбасадорката Брнс на Твитер.






Поврзани содржини