АМЕРИКАНЕЦ ИСЧЕЗНА НА ГРЧКИОТ ОСТРОВ АМОРГОС Туристот тргнал на прошетка по патека за планинарење

Локалните власти соопштија дека 59-годишниот Алберт Калибет исчезнал во вторникот попладне кога неговиот пријател пријавил дека не се враќа од планинарење

795

Грчките власти трагаат по американски турист кој исчезна на островот Аморгос  неколку дена откако на островот Сими беше пронајдено телото на британскиот  новинар Мајкл Мозили, кој исчезна за време на планинарење.

Локалните власти соопштија дека 59-годишниот Алберт Калибет исчезнал во вторникот попладне кога неговиот пријател пријавил дека не се враќа од планинарење.






Во потрагата учествуваат неколку грчки служби, вклучително и волонтери на крајбрежната стража и тимови од блиските острови Парос и Наксос, објави ТВ ЕРТ.

Исчезнувањето на Калибет, пензиониран полицаец од Лос Анџелес, ги вознемири локалните жители на островот Аморгос, каде што тој доаѓа со години.

Патеката по која тргна за планинарење во вторник не е многу напорна, но на островот, како и во цела Грција, деновиве температурите се и до 35 степени.

Поврзани содржини