ЏАМБАСКИ СО ПРОВОКАЦИЈА ГО ПРОСЛАВИ РОДЕНДЕНОТ НА ВАНЧО МИХАЈЛОВ Ние сме еден народ разделен со вештачка граница

Доброто е што има написи, интервјуа и книги во кои јасно може да се види како се дефинира Иван Михаjлов, што мисли за населението во Македонија и како младите треба да се доживуваат себеси. Со народот од зад Деве Баир ние сме еден народ, поделен со вештачка граница, пишува Џамбаски во постот на Фејсбук.

772

 Контроверзниот бугарски европретник кој испраќаше наци-поздрави во Европскиот парламент, денеска, со провокативен статус на Фејсбук одбележа 126 години од раѓањето на Ванчо Михајлов. Ангел Џамбаски рече дека „со народот зад Деве Баир, ние (Бугарите) сме еден народ поделен со вештачка граница“.

 






 „Легендарниот лидер на ВМРО, кој ја водеше во клучните години по смртта на Тодор Александров. Времиња на предавства, тешкотии и поделби и во Организацијата и во бугарското општество“, пишува Џамбаски и додава:

 „Денес покрај Вардар владее лагата. Лагата која Иван Михаилов ја разоткрива илјадници пати во својата дејност. Неговото име сè уште влева страв кај предавниците и Србите во Северна Македонија, па се прави сѐ за да се плука по него, а неговите зборови извадени од контекст и ставени во служба на лагата на македонизмот“.

 „Доброто е што има написи, интервјуа и книги во кои јасно може да се види како се дефинира Иван Михаjлов, што мисли за населението во Македонија и како младите треба да се доживуваат себеси“, продолжува постот.

 „Со народот од зад Деве Баир ние сме еден народ, поделен со вештачка граница“.

наци-поздравот на Џамбаски кој ги шокираше сите во Европарламентот

 

„Нашата борба за единство продолжува. Како што ни оставија во аманет големите водачи на ВМРО“.

 „Почит кон животот и делото на Иван Михајлов!“, завршува Џамбаски, додавајќи ги таговите „Запомни ги хероите“ и „Запомни ја историјата“ под објавата.

Поврзани содржини