АМБАСАДАТА НА САД Ѝ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА АГЕЛЕР По 3 години служба Анџела заминува од Македонија
Амбасадата нагласува дека ќе продолжи да работи нормално во текот на овој процес.
Амбасадорката Анџела Агелер е меѓу дипломатите од кариера кои се отповикани како дел од неодамнешната одлука на претседателот Доналд Трамп која опфати смена на околу 30 амбасадори на САД.
„Длабоко сме ѝ благодарни на амбасадорката Агелер за нејзината служба во Северна Македонија во изминатите три години и посветени сме на обезбедување непречена и ефективна транзиција што ќе им даде приоритет на мисијата на САД и нашите дипломатски односи“, се наведува во изјавата на Амбасадата на САД дадена за МИА.
Амбасадата нагласува дека ќе продолжи да работи нормално во текот на овој процес.
Стејт департментот не го коментираше конкретниот број на персонал или амбасадори на кои се однесува смената, но соопшти дека се работи за стандарден процес во секоја администрација. Како што е соопштено, амбасадорот е „личен претставник на претседателот и право на претседателот е да осигура дека во овие земји има поединци кои ја унапредуваат неговата агенда ’Америка на прво место‘“.
Во Европа, смени ќе има во Ерменија, Северна Македонија, Црна Гора и во Словачка.
АМБАСАДОРКАТА АГЕЛЕР ЗАМИНУВА ОД МАКЕДОНИЈА Трамп менува 30 амбасадори вклучително и во земјава