АЛО, ЌЕРКА ТИ БЕШЕ ВО СООБРАЌАЈКА И ЗАГИНА МАЛОЛЕТНИК, ДАЈ 10.000 ЕВРА ЗА ДА НЕ ПРИЈАВАТ ВО ПОЛИЦИЈА Скопјанка била измамена по телефон

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и ја известило дека нејзината ќерка наводно учествувала во сообраќајна несреќа во која загинал малолетник и дека родителите на малолетникот се согласиле за одреден паричен надомест да не пријавуваат во полиција. Како што е пријавено, тие се договориле, по што таа му ги дала парите, но подоцна сфатила дека таков настан не се случил и дека била измамена.

760

Жена од Скопје била измамена по телефон за сума од 10.000 евра од лице кое ја излажало дека ќерка ѝ учествувала во сообраќајна несреќа, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„77-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра.






Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и ја известило дека нејзината ќерка наводно учествувала во сообраќајна несреќа во која загинал малолетник и дека родителите на малолетникот се согласиле за одреден паричен надомест да не пријавуваат во полиција. Како што е пријавено, тие се договориле, по што таа му ги дала парите, но подоцна сфатила дека таков настан не се случил и дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во соопштението.

Поврзани содржини