АЛКАЛОИД ТРИУМФИРАШЕ ВО АТИНА ПРЕД 8.000 ГРЧКИ НАВИВАЧИ Пет од пет за Да Силва, пехарот е на дофат!

Мартин Сефаримов беше најефикасен со шест гола, а Франциско Да Силва беше прецизен како машина – пет од пет. Голманите беа хероите: Иван Галевски фати пет пенали и вкупно девет топки, а Марко Кизиќ броеше до десет.

272

Македонски Алкалоид триумфираше на мечот со грчки АЕК во Атина и се враќа со плус четири од првиот меч од финалето во Европскиот куп. Во арената на АЕК, каде што секоја секунда беше притисок, македонскиот тим победи со 25-29 и сега има солидна залиха пред реваншот во Скопје.

Мартин Сефаримов беше најефикасен со шест гола, а Франциско Да Силва беше прецизен како машина – пет од пет. Голманите беа хероите: Иван Галевски фати пет пенали и вкупно девет топки, а Марко Кизиќ броеше до десет.






Грчкиот тим го отвори натпреварот со водство од 2-0, но Алкалоид брзо ги консолидираше редовите и со серија од 3-0 го презеде водството кое го одржуваше до 20 минута.Ракометарите на Алкалоид беа во водство со 16-14 на полувреме.

Но, мирот беше кршлив. Во моментите кога се очекуваше продолжение на возбудливиот натпревар, атмосферата во салата во Атина нагло се влоши. Фрустрациите кај навивачите на АЕК, поттикнати од слабата игра на нивниот тим, кулминираа со фрлање предмети кон противничката клупа.

Во хаотичната ситуација, младиот Дамјан Митев беше погоден со предмет во главата, што предизвика шок кај играчите и судиите.

На стартот од второто полувреме, од трибините долета шише и го погоди младиот Дамјан Митев в глава. Следеше прекин, а мечот продолжи како ништо да не било, сè до големиот триумф на Алкалоид.

 

 

Поврзани содржини