АЛИЈАНСА КОНТРА БЕКТЕШИ Сега е момент за намалување на акцизата и ДДВ-то на горивата

Бектеши со денешната изјава очекува цената да оди на 150 денари и потоа да се намали на 120 денари за литар. Ова не е намалување, туку грабеж и измама на граѓаните – велат од Алијанса.

130

Скандалозна е изјавата на министерот за економија, Крешник Бектеши, што значи дека акцизите за горивата ќе се намалат кога ќе ѝ текне на Владата и ги потврдуваат нашите предупредувања за грабеж на граѓаните, реагираат од Алијанса за Албанците.

Од партијата ја повикаа владата и споменатиот министер дека сега е време да ги прифатат нивните предлози за намалување на акцизата и ДДВ-то на горивото, објавени од почетокот на кризата.






– Потсетуваме, Алијансата за Албанците предлага намалување на ДДВ од 18% на 5%, намалување на акцизата на бензините од 22,00 денари на 15,00 денари и на дизелот од 15,50 денари на 9,00 денари, како и намалување на трговска маржа во фиксна вредност не повеќе од 3,00 денари. Но, оваа влада не ги зеде предвид овие предлози и сугестии на АА и понуди делумни мерки кои од 01.06.2022 година ги отстрани и истите иако беа делумни повеќе не се применуваат. Тоа уште повеќе ја влоши состојбата, па во последните денови имаме драстични покачувања на малопродажните цени – стои во реакцијата од АА.

Оттаму додаваа дека секој ден доцнење значи поголемо поскапување на горивата и потоа секоја преземена мерка нема да има олеснителен ефект за граѓаните.

– Бектеши со денешната изјава очекува цената да оди на 150 денари и потоа да се намали на 120 денари за литар. Ова не е намалување, туку грабеж и измама на граѓаните – велат од Алијанса.

Поврзани содржини