АЛИ АХМЕТИ ЗНАЕ ШТО МУ Е НА ПУТИН Тој не е болен
Постојат настапи меѓу Косово и Србите кои не се лесна тема на разговор, но потребен е историски договор меѓу двете страни.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети е во посета на Приштина, каде денеска главна тема е потпишувањето на договорот меѓу Србија и Косово.
Од некоја причина, Ахмети реши да зборува за Владимир Путин, актуелниот претседател на Русија.
– Путин не е болен, тој има царска доктрина. Има платформа да реализира, голема идеологија. Постојат настапи меѓу Косово и Србите кои не се лесна тема на разговор, но потребен е историски договор меѓу двете страни. Проблемот не е само во Косово, мора да се направи помирување – кажа Ахмети.
Исто така, премиерот на Албанија, Еди Рама кажа дека партиите во Косово мора да ги засилат напорите за да се интегрираат во Европа.