АКТЕРКАТА ОД „ПЕДЕСЕТ НИЈАНСИ СИВО“ СЕ СВРШИ Дакота и Крис Мартин на чекор до брак (ФОТО)

Дакота е во врска со пејачот Крис Мартин (43), фронтменот на „Колдплеј“, речиси четири години, а изгледа дека парот е на прагот на брак.

1,335

Ако меѓу вас има романтични обожаватели кои се надеваа дека актерката Дакота Џонсон (31) навистина ќе биде со нејзиниот колега од филмската франшиза „Педесет нијанси сиво“… Тоа едноставно нема да се случи.

Дакота е во врска со пејачот Крис Мартин (43), фронтменот на „Колдплеј“, речиси четири години, а изгледа дека парот е на прагот на брак.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dakota Johnson (@dakotajohn.official)

Во последните четири години колку што се Дакота и Крис во врска, парот направи сѐ за да ги задржи работите приватни.

Според магазинот „ОК!“, Крис ја запросил Дакота на крајот на октомври, а бидејќи актерката одговорила потврдно, нивната венчавка ќе се одржи некаде на почетокот на 2022 година.

За Дакота ова ќе биде прв брак, додека Крис беше 10 години во брак со актерката Гвинет Палтроу.

Иако нивната љубовна врска не успеа, Крис и Гвинет имаат две деца, Епл и Мозес, а тие останаа пријатели.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dakota Johnson (@dakotajohn.official)

Поврзани содржини